ИЗБОРЕН МОЛК ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ

Скопје, 6 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од вечерва на полноќ започнува изборниот молк за Претседателските и Парламентарните избори, кој трае до 19 часот на 8 мај 2024 година.[…]

Извештај за медиумското претставување во првиот круг од кампањата за Претседателските избори 2024

Скопје 2 мај 2024 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал.[…]

Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Алфа

Скопје, 2 мај 2024 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Алфа, емитувана на 25 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 75-ѓ, став 1 од Изборниот законик.[…]

Пречистен текст на Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024

Скопје, 26 април 2024 – Советот на Агенцијата на вчерашната 19-та седница, донесе Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024. […]

Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа

Скопје, 25 април 2024 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Клан Мацедониа, емитувана на 23 и 24 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.[…]

Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа

Скопје, 23 април 2024 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Клан Мацедониа, емитувана во периодот од 4 до 22 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 75 став 1, а во врска со член 75 став 4 алинеја 1 од Изборниот законик.[…]

ТВ АЛФА СО ОБЈАВА НА ЗЛОНАМЕРНИ ИНФОРМАЦИИ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ АВМУ

Скопје, 18 април 2024  – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидот на ТВ Алфа да изврши притисок врз регулаторното тело преку објава на злонамерна информација. Имено, во изданието на емисијата „Заспиј ако можеш“, премиерно емитувано вечерта на 16 април 2024 година, новинарот Горан Момировски, меѓудругото тврдеше дека Агенцијата:[…]

Соопштение за јавност

Скопје, 18 април 2024 –ТВ Ускана Медија ја информираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека на новинар на оваа телевизија не му било дозволено да снима прилог во врска со бројот на ученици и вработени во Основното училиште Наим Фрашри од село Пирок, Општина Боговиње.[…]

Редовен административен надзор врз 98 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

Скопје, 17 април 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 98 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма. Предмет на надзорот е обврската на радиодифузерите, по прв пат оваа година да објават податоци за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходната година[…]



Accessibility

Accessibility