Скопје, 14.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива.[…]
Featured Articles
Поднесено барање за поведување прекршочна постапка за МРТ1
Скопје, 09 септември 2016г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена против Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радиотелевизија.
[…]
Агенцијата изврши мониторинг врз првиот програмски сервис – МРТ1
Сочувство за загубата на Љупчо Хаџи-Стефанов, сопственик на Џез ФМ
Скопје, 06.09.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сочувство до семејството на Љупчо Хаџи-Стефанов, сопственик на радиото Џез ФМ.[…]
Одржани работни состаноци со националните радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување
Скопје, 02.09.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа работни состаноци со националните радиодифузери во Република Македонија, како и со Јавниот радиодифузен сервис. Целта беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат и уште еднаш да се потсетат на правилата за изборно медиумско претставување.[…]
Именуван петтиот член на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување
Скопје, 01.09.2016 година – По предлог на четирите члена на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, постигнат со консензус, Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни … […]
Одговор до ММА во врска со усвоената Методологија за избори
Скопје, 31.08.2016г. – Македонската медиумска асоцијација (ММА), се обрати со допис до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со усвоената Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.[…]
Одговор до СДСМ на барањето за измена на Методологијата за мониторинг
Скопје, 29.08.2016г. – Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пристигна барање за измена на Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.
Дописот пристигна по завршувањето на седницата на Советот на Агенцијата, која се одржа на 26.08.2016 година, и на која Советот едногласно ја усвои Методологијата во нејзината конечна форма.[…]
Донација од 1.000.000 денари за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион
Скопје, 26.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, донесе одлука за доделување на финансиска помош – донација за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион, во износ од 1.000.000 денари.[…]
Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување
Скопје, 26.08.2016г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, ја усвои Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година. Истата е достапна на линкот во прилог:[…]