Скопје, 26.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на текстот „За да изградат случај против мене, го глумат и Нострадамус“, објавен во весникот Дневник на 25 август, со кој се прави уште еден обид за притисок врз регулаторното тело и тоа шест месеци по настанот на кој се реферира.[…]
Featured Articles
Реакција на соопштението на СДСМ „Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори“
Скопје, 25.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги упатува остра реакција на ставовите изнесени во соопштението на СДСМ под наслов „Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори“.[…]
Привремената комисијата за следење на медиумското претставување не постигна консензус за петтиот член
Скопје, 24.08.2016 година – Привремената комисија за следење на медиумското претставување ја известува јавноста дека на денешниот состанок не постигна консензус за избор на петтиот член.[…]
Одржан состанок за Нацрт-Методологијата за изборно медиумско претставување
Скопје, 23.08.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа состанок на кој ја презентираше Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.[…]
Агенцијата изрече мерка-опомена на ТВ Хана Куманово
Скопје, 18.08.2016г. – Врз основа на спроведен редовен административен надзор врз ТВ Хана, Мевљан ДООЕЛ Куманово и констатирано прекршување на член 14 од Законот за медиуми, на овој радиодифузер му е изречена мерка-опомена и му е наложено во рок од 45 дена, од денот на приемот на ова Решение, да го усогласи своето работење согласно законската одредба.[…]
Усвоена Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување
Скопје, 17.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, и истата е достапна на следниот линк.
[…]
Повик на Привремената комисија за следење на медиумското претставување
Скопје, 16.08.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување упатува повик до сите заинтересирани да аплицираат за членство во Привремената комисија за следење на медиумското претставување и истото да го сторат на меил адресата contact@avmu.mk[…]
Реализирани надзори врз Радио Лав и кабелскиот оператор Неотел
Скопје, 12.08.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реализираше контролен административен надзор врз ТРД Иванчо Пашоски Радио Лав ДООЕЛ Охрид, при што е утврдено дака во целост ја исполнил обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми.
Повик за јавна расправа за работната верзија на методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување
Скопје, 10.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од денес отвора јавна расправа за работната верзија на методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година,[…]
Радиодифузерите да ја прилагодат програмата на денот на жалост
Скопје, 08.08.2016г. – Поради големиот број човечки животи загубени во временската непогода која ги зафати Скопје и околните места, Владата на Република Македонија го прогласи денешниот ден, 8 август 2016 година, за ден на жалост.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата,[…]