Изречени мерка јавна опомена на ТВ Њуз, ТВ Дуе, ТВ Протел, ТВ Спектра и ТВ Свет

Скопје, 27 декември 2024г – Советот на Агенцијата на 46-та седница одржана на 25 декември 2024 година, поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми изрече повеќе мерки јавна опомена за пет радиодифузери[…]

Редовен програмски надзор врз РА Марија Благовест, УКЛО ФМ Битола, Студент ФМ 92.9 и УГД ФМ

Скопје, 26 декември 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите и дневно емитување најмалку 4 часа програма на радио, редовен програмски надзор е извршен врз Радио Марија Благовест од Струмица, Универзитетско Радио УКЛО ФМ од Битола, Универзитетско Радио Студент ФМ 92.9 од Скопје и Универзитетско Радио УГД ФМ од Штип[…]

Одржан четвртиот јавен состанок на АВМУ за 2024 година

Скопје, 25 декември 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа последниот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци[…]

Извршен контролен административен надзор врз ТВ-Канал Вис

Скопје, 20 декември 2024 – Kонтролен административен надзор е извршен врз ТВ Канал Вис од Струмица, за да се утврди дали ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување[…]

Отворена јавна расправа за Нацрт-правилник за регистрирање на давателите на услуги платформа за споделување видеа

Скопје, 13 декември 2024г. – Советот на Агенцијата на 45-та седница одржана на 12 декември 2024 година усвои Нацрт-правилник за регистрирање на давателите на услуги платформа за споделување видеа[…]

Достава на Годишен акциски план за пристапност за 2025 година

Скопје, 13 декември 2024 – Согласно Правилникот за пристапност до медиумските услуги кој стапи на сила во јуни оваа година, телевизиите кои емитуваат програма на национално ниво и услугите по барање се должни континуирано и прогресивно да ги прават програмите пристапни за лицата со попреченост.[…]

Контролен програмски надзор врз радио Зона М-1

Скопје, 6 декември 2024г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз Радио Зона М-1 за да констатира дали радиодифузерот постапил по претходно изречената мерка јавна опомена поради неемитување најмалку 30% музика на македонски јазик во периодот од 06:00 до 00:00 часот[…]

Изречени мерка јавна опомена на ТВ Стар, ТВ КТВ и ТВ Едо

Скопје, 6 декември 2024г – Советот на Агенцијата на 44-та седница одржана на 5 декември 2024 година, поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрече три мерки јавна опомена[…]

Редовен административен надзор врз ТВ Канал Вис

Скопје, 6 декември 2024г – Редовен административен надзор за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз ТВ – Канал Вис од Струмица[…]



Accessibility

Accessibility