Скопје, 20.09.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи за извршен мониторинг на изборното медиумско претставување врз 18 програмски сервиси, достави Предлог до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се предлага да не се преземаат мерки.[…]
Архива
Агенцијата изврши мониторинг врз 18 радиодифузери
Скопје,17.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши Мониторинг врз 18 (осумнаесет) радиодифузери: Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРА1, Македонска Радиотелевизија Трет програмски сервис МРА 3, Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРТ1, Македонска Радиотелевизија Втор програмски сервис МРТ2, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје, Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ АРТ ДОО Тетово, ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје, ТВ Сител ДООЕЛ Скопје, ТВ Сонце ДООЕЛ Скопје, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје, ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип,Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје и Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип,[…]
Поднесено барање за поведување прекршочна постапка за МРТ1
Скопје, 09 септември 2016г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена против Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радиотелевизија.
[…]
Агенцијата изврши мониторинг врз првиот програмски сервис – МРТ1
Агенцијата изрече мерка-опомена на ТВ Хана Куманово
Скопје, 18.08.2016г. – Врз основа на спроведен редовен административен надзор врз ТВ Хана, Мевљан ДООЕЛ Куманово и констатирано прекршување на член 14 од Законот за медиуми, на овој радиодифузер му е изречена мерка-опомена и му е наложено во рок од 45 дена, од денот на приемот на ова Решение, да го усогласи своето работење согласно законската одредба.[…]
Реализирани надзори врз Радио Лав и кабелскиот оператор Неотел
Скопје, 12.08.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реализираше контролен административен надзор врз ТРД Иванчо Пашоски Радио Лав ДООЕЛ Охрид, при што е утврдено дака во целост ја исполнил обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми.
РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ТРЕБА СЕКАДЕ ДА ЕМИТУВААТ ИСТ ПРОГРАМСКИ СЕРВИС
Скопје, 24.06.2016 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе програмски надзор со кој направи споредба на програмата што ја емитува Радио Канал 77 во Скопје, Битола и во Штип и констатираше дека во различните подрачја постои разлика во обемот и во составот на некои од рекламните блокови, додека составот на музиката и содржината на емисиите – новинарски обликуваните целини, е идентичен.
Спроведен вонреден програмски надзор на РА Канал 77
Скопје, 24.06.2016г. – Агенцијата спроведе вонреден програмски надзор на програмскиот сервис на Канал 77 емитуван во Скопје, Штип и Битола. Притоа, беше констатирана разлика во … […]
Покрената прекршочна постапка против ТВ Сител
Скопје, 14.06.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје, со цел да провери дали овој радиодифузер постапил по Решението за преземање на мерка-[…]
Повик за состанок за Нацрт-Правилникот за утврдување на локациите за испорачување на сигналот од ОЈЕКМ и давателите на АВМУ по барање
Скопје, 31.05.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Нацрт-Правилник за утврдување на локациите до кои ОЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал,[…]