Извештаи од констатирани прекршувања на Изборниот законик

Скопје, 13.05.2016г. – Со мониторингот на медиумското претставување во вестите, реализиран во периодот од 25 април до 4 мај 2016 година, е констатирано дека ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО ДПМНЕ, со што е прекршен член 75-б од Изборниот законик.[…]

Извештаи за почитувањето на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела

Скопје, 18.04.2016 година. – Агенцијата ги направи извештаите од програмскиот надзор за почитувањето на годишната обврска за емитување европски аудиовизуелни дела од страна на Јавниот радиодифузен сервис и на радиодифузерите од општ формат што емитуваат програма на државно ниво. Обврска за емитување европски аудиовизуелни дела во 2015 година имаа 12 програмски сервиси[…]

Извештаи од вонредни надзори по претставки од СДСМ

Скопје, 15.04.2016 – Врз основа на шест претставки од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Агенцијата спроведе повеќе вонредни надзори врз програмите на националните телевизии ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Нова и ТВ Сител. Претставките се однесуваа на почитувањето на начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во неколку случаи надзорите покажаа дека постои непочитување на законот. На телевизиите им се упатени укажувања, а детали од надзорите има во извештаите.[…]

Говор на омраза на Канал 5 Телевизија

Скопје, 09.03.2016г. – Агенцијата, со вонреден надзор на неколку по ред изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, констатираше дека ТВ Канал 5 го прекрши член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со тоа што последователно носи уреднички одлуки да му овозможи на авторот на емисијата да поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација.[…]

Агенцијата одржа шест обуки за правилата за изборно медиумско претставување

Скопје, 19.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во периодот од 15 до 19 февруари 2016 година, одржа шест обуки за националните, регионалните и локалните радиодифузери во Република Македонија, како и за Јавниот радиодифузен сервис. Целта на обуките беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат за правилата за изборно медиумско претставување.[…]

Се зголемува квотата за изворно создадена програма, за музиката – нема промена

Скопје, 13.01.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека во 2016 година, се зголемува процентот за емитување изворно создадена програма во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија. Како што е пропишано во член 92 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, почнувајќи од 1 јануари 2016 година, за трговските радиодифузни друштва и за непрофитните радиодифузни установи обврската за изворно создадена програма изнесува 50%, а за Јавниот радиодифузен сервис изнесува 60% од вкупно емитуваната програма во текот на едно деноноќие, со исклучок на времето што отпаѓа на содржините кои не подлежат на класификација.[…]

Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси

Скопје, 05.01.2016 – Согласно обврската утврдена во Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој стапи на сила на 10 ноември 2015 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.[…]

Агенцијата им изрече мерки – опомена на РА ЗОНА М-1, РА УРБАН ФМ, РА Роса – АБ, РА Арачина и РА КЛУБ ФМ

Скопје, 04.01.2016- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во согласност со Годишниот план за вршење надзор, спроведе редовен надзор врз работата на РАДИО ЗОНА М-1 ДООЕЛ Скопје, УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ, Радио Арачина ДООЕЛ Арачиново, Радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје и Радио КЛУБ ФМ ДОО Скопје[…]



Accessibility

Accessibility