Скопје, 01.03.2018г. – Со цел да се сврти вниманието на медиумите кон препознавање на важноста на информирањето за родовите прашања, како и да се поттикне надминување на родовите стереотипи, Агенцијата денес ги претстави резултатите од истражувањето за родот во телевизиските програми во 2017 година[…]
Настани
ПРОМОВИРАНО ДВД ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ НАМЕНЕТО ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Скопје, 25.01.2018г. – Во рамки на заложбите за поттикнување развој на медиумска писменост, Агенцијата, денес го промовираше првиот проект на неколку членки на Мрежата за медиумска писменост – ДВД наменето за основните училишта во Република Македонија[…]
Одржана Конференција за политичкиот плурализам во медиумите надвор од изборна кампања
Скопје, 24.01.2018г. – Во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот на Европа, денес во Скопје се одржа конференција посветена на политичкиот плурализам во медиумското известување, во период надвор од изборна кампања.
[…]
Одржан четвртиот јавен состанок за 2017 година
Скопје, 22.12.2017г. – Денеска, Агенцијата го одржа последниот јавен состанок за 2017 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше во изминатото тромесечие – […]
Нова алатка за родовата еднаквост во медиумите
Скопје, 21.12.2017 – Во рамките на настојувањето на медиумските професионалци и на другите заинтересирани чинители континуирано да им обезбедува алатки за подигнување на свеста за улогата на медиумите во постигнувањето еднаквост меѓу жените и мажите, Агенцијата ја преведе на македонски и албански јазик Препораката за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор што Советот на Европа ја усвои во септември 2017 година.[…]
Потпишан Меморандум за соработка со Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија
13.12.2017г. –Во рамки на билатерална средба, денес во Љубљана, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија, потпишаа меморандум за соработка.[…]
Студенти во посета на Агенцијата
Скопје, 07.12.2017г. – Неделава, Агенцијата беше домаќин на студенти од Факултетот за Правни студии и новинарство при Државниот универзитет во Тетово и од Факултетот за Правни студии и новинарство и односи со јавноста при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.[…]
Работен состанок за правилата за известување до почетокот на изборната кампања
Скопје, 11.08.2017г. – Претставници на националните телевизии и радија денеска, уште еднаш имаа можност да се потсетат на правилата за изборно медиумско известување. Имено, во рамките на активностите поврзани со мониторингот на Локалните избори 2017 година,[…]
Рајнхард Прибе и неговиот експертски тим во посета на Агенцијата
Скопје, 21.07.2017г. – Вчера, во рамките на спроведувањето на Итните реформски приоритети кои произлегоа од Извештајот со препораки од 2015 година, Директорот и членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,одржаа работна средба со експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе.