Одржан третиот јавен состанок на Агенцијата за 2016 година

 

Скопје, 27.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа третиот јавен состанок за 2016 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој подробно ги образложи активностите поврзани со реализираните надзори, изречените мерки-опомена на радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и печатените медиуми, како и барањата за поведување прекршочна постапка.[…]

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во посета на Агенцијата

Скопје, 23.09.2016г. – Денес во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги претставници на Агенцијата одржаа средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.[…]

Работна средба на Агенцијата и Државната изборна комисија

Скопје, 14.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива.[…]

Независната комисија за медиуми на Република Косово во посета на Агенцијата

Скопје, 16.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на работната средба со претставниците на Независната комисија за медиуми на Република Косово. Целта на средбата e проширување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на дигитализација на медиумите.[…]

Потпишан Меморандум за соработка со Државната изборна комисија

Скопје, 04.02.2016г. Денес, на меѓународниот ден на изборите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија потпишаа Меморандум за соработка. Основните цели на документот се: размена на информации, меѓусебна помош преку давање стручни совети, соработка при постапување по претставки и поплаки и конкретни проекти кои се во функција на заедничките интереси на Комисијата и Агенцијата, како и активности што се насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива.[…]

Агенцијата го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година

22.12.2015--Javen_sostanokСкопје, 22.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година. Воведно обраќање имаше директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, кој ги презентираше активностите[…]

Набавка на опрема за систем за мониторинг на медиумските содржини за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 14.12.2015г – Денес започна реализацијата на Проектот „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“. Проектот се реализира како дел од Инструментот за претпристапна помош – ИПА за 2011 година.[…]

Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев “ од Штип во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 12.12.2015г. – Студентите од неколку катедри на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, во рамките на практичната настава по предметот Медиумско право, вчера ја посетија[…]



Accessibility

Accessibility