Скопје, 30 април 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, од денес не може да се објавуваат резултати од испитувања на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес.[…]
Соопштенија за медиуми
Извештај за вторите десет дена од првиот круг од кампањата за Изборите 2019
Скопје, 25.04.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денес го објави Вториот извештај за начинот на известување на радиодифузерите во периодот од 10 до 19 април 2019 година. Исто како и првите девет дена од кампњата, со мониторингот беа опфатени вкупно 32 програмски сервиси, односно 15 програмски сервиси на национално ниво (13 ТВ и две радија), 17 регионални и локални телевизии.[…]
Неприфатливи се нападите на претставниците на медиумите
Скопје, 18.04.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападот врз новинарот и снимателот на ТВ21 во селото Арачиново пред и во зградата на општината.[…]
Извештај за изборното медиумско известување во првите 9 дена од кампањата
Скопје, 15 април 2019 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денес го објави Првиот извештај за начинот на известување на радиодифузерите во текот на изборната кампања за периодот од 1 до 9 април 2019 година. Со миниторингот беа опфатени вкупно 32 програмски сервиси, односно 15 програмски сервиси на национално ниво (13 ТВ и две радија), 17 регионални и локални телевизии.[…]
Денеска на полноќ завршува објавувањето анкети, изборниот молк почнува на 20 април
Скопје, 15.04.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење.[…]
Владата не ги почитува препораките на Брисел за независноста на регулаторот за медиуми
Скопје, 10.04.2019 – Агенцијата е непријатно изненадена од вчерашната одлука на Владата, да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзино ревидирање поради тоа што не е усогласена со „другите стратешки документи за развој на оваа област“.[…]
Објавен Вториот извештај од медиумското известување за Претседателските избори 2019
Скопје, 09.04.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го изготви Вториот извештај од мониторингот на медиумското известување за Претседателските избори 2019 година, којшто се однесува на периодот од 7 до 31 март 2019 година. Во извештајот е анализирана 24-часовната програма на МРТ1, МРТ2, МР1 и Програмата на албански јазик на Каналот на етничките заедници на Македонско радио и на 11 телевизии на државно ниво.[…]
ИЗВЕШТАИТЕ ЗА ЕМИТУВАНОТО ППР ДА СЕ ДОСТАВАТ НА 8 АПРИЛ
Скопје, 05.04.2019 – На радијата и телевизиите кои врз основа на склучени договори со учесниците во изборните процеси ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) на претседателските кандидати и на кандидатите за градоначалници во општините Дебар, Ново Село и Охрид, трошоците, согласно Изборниот законик, ќе им ги исплати Државната изборна комисија (ДИК) врз основа на доставени фактури.[…]
ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ
Скопје, 3 април 2019 година – Во првите денови од изборната кампања, во дел од спотовите на кандидатите за Претседателски избори 2019 кои се емитуваат на телевизиските сервиси, регистрирано е учество на малолетници.[…]
Правилата за платена политичка програма во фокусот на првиот јавен состанок
Скопје, 29.03.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за 2019 година, на кој директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски ги презентираше активностите од изминатиот квартал, спроведени согласно Годишната програма за работа на Агенцијата […]