Осуда за физичките напади врз медиумските работници

Скопје, 20.01.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува вчерашните напади на новинарка и фоторепортери за време на одбележувањето на верскиот празник Водици во Скопје.[…]

Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици – Годишен извештај за 2018г.

Скопје, 15.01.2019г. – За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработен Годишен извештај за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната … […]

Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на ТВ станиците за четвртиот квартал од 2018г.

Скопје, 15.01.2019г. –  За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработено истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици,  за четвртиот квартал од 2018 година.[…]

Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2018 година

Скопје, 04.01.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отвореност ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.[…]

Стапи на сила ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 18.12.2018г. – Европската унија направи ревизија на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и сега, таа, покрај на телевизиите и видеата на барање се однесува и на платформите за споделување видеа. Ревидираната Директива стапи на сила денес, а земјите-членки на Унијата, треба да ја имплементираат во своите национални законодавства, најдоцна до 19 септември 2020 година. Како кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија, има обврска својата легислатива да ја усогласи со европската.[…]

Да се спречат можните појави на клиентелизам  

Скопје, 17.12.2018г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како надлежно регулаторно тело редовно прави проверка на почитувањето на законските одредби за сопственичка структура и медиумска концентрација.[…]

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов во посета на Агенцијата  

Скопје, 14.12.2018 – Новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов денеска беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на која се разговараше за унапредување на соработката на двете земји во аудиовизуелната област.[…]

Одржан работен состанок за обезбедување пристап до програмите за лицата со попреченост

Скопје, 13.12.2018г. – Во рамки на заложбите за поттикнување активности кај радиодифузерите, за да ги направат програмите достапни за лицата со оштетен вид и слух, денес Агенцијата одржа работен состанок со претставници на националните телевизиски сервиси[…]

Билатерална средба АВМУ – РЕМ во Белград

Белград, 07.12.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Регулаторното тело за електронски медиуми на Република Србија (РЕМ) денеска во Белград, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација.[…]



Accessibility

Accessibility