Скопје, 10 ноември 2026 – Во врска со навредливиот речник и јавните квалификации упатени кон новинарите на Радио Лидер од страна на новинарката во Собранискиот канал Весна Велкова, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на потребата од почитување на професионалните стандарди во јавната комуникација, особено меѓу медиумските работници[…]
Соопштенија за медиуми
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 10 ноември 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката Милка Смилевска, кои, покрај навредливиот и вознемирувачки карактер, содржат и директни закани и повикување на физичко насилство. Ваквите пораки се особено загрижувачки бидејќи го надминуваат просторот на дозволено изразување несогласување и критика[…]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 6 ноември 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во рамки на Швајцарската програма за поддршка на изборите, денеска во просториите на Агенцијата одржа обука за вработените во стручната служба на тема „Ефективна употреба на дигитални алатки и алатки поддржани од вештачка интелигенција“[…]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 3 ноември 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши увид во емисијата „Под лупа“, емитувана на ТВ Алфа на 2 ноември 2026 година, на тема „Распадот на македонското семејство: Меѓу насилството, разводите и судирот на традицијата и модерното време“. Во емисијата учествуваа Петар Богојески, претседател на партијата „Македонски Концепт“, и Катерина Котеска, адвокатка специјализирана за семејно право и семејно насилство[…]
РЕАКЦИЈА НА АВМУ НА ОБВИНУВАЊАТА ОД СДСМ
Скопје, 2 ноември 2026 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги отфрла обвинувањата на СДСМ дека се обидела да забрани емитување во медиумите на прес-конференцијата на Венко Филипче за време на изборниот молк. Ваквите обвинувања се неосновани и претставуваат обид законското постапување на Агенцијата да се прикаже како цензура, иако станува збор за редовно потсетување на законските обврски[…]
Отворени Деновите на медиумска писменост 2026
Скопје, 26 октомври 2026 – Од денеска до 2 ноември ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2026 (ДМП), организирани од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Мрежата за медиумска писменост (ММП). Со нив, нашата држава по осми пат се приклучува кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Програмата за ДМП 2026 е достапна на линкот[…]
ПОКАНА ЗА ПРЕС – КОНФЕРЕНЦИЈА
Скопје, 22 октомври 2026 – На 26 октомври 2026 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи прес – конференција со која ќе бидат отворени Деновите на медиумска писменост 2026, организирани од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Мрежата за медиумска писменост.[…]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 15 октомври 2026 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост поради заканите упатени кон новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски преку социјалната мрежа Фејсбук, вклучително и објавената фотомонтажа со вознемирувачка содржина и заканувачка порака[…]
Билатерална средба меѓу претставници на АВМУ и турскиот регулатор РТУК
Скопје, 13 октомври 2026 година – Претседателот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, м-р Сашо Стефановски, денеска во просториите на АВМУ ја прими делегацијата на Врховниот совет за радио и телевизија на Република Турција (РТУК), предводена од претседателот Мехмет Даниш[…]
Мухамер Беќири стапи на должност заменик на директорот на АВМУ
Скопје, 9 октомври 2026 – Мухамер Беќири денеска стапи на должност заменик на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]