Скопје, 15.03.2016 година – Законот за медиуми (член 15 став 5) ги обврзува медиумите најдоцна до 31 март во тековната година, до регулаторот да достават писмен извештај за спроведување на обврските од дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведувањето на програмскиот концепт. Во прилог на извештајот се доставува и информација за техничките средства за емитување или реемитување на програмските сервиси во Република Македонија или надвор од неа.[…]
Соопштенија за медиуми
Доспева обврската за доставување извештај за вкупен приход
Скопје, 14.03.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите oператори кои реемитуваат програмски сервиси и давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека согласно член 142 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се должни најдоцна до 15 март 2016 година, до Агенцијата, да достават извештај за вкупниот годишен приход во 2015 година, остварен со реемитување на програмски сервиси или со обезбедување на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.[…]
РАЗЛИЧЕН ОДНОС КОН ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ПРВИТЕ 10 ДЕНА ОД ПРЕДИЗБОРИЕТО
Скопје, 28 април 2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во Извештајот за медиумското претставување во првите десет дена по распишувањето на изборите, констатира дека дел од медиумите не ги почитуваат програмските начела за објективно и непристрасно прикажување на настаните,[…]
Два дена за платено политичко рекламирање
Скопје, 25.02.2016 – Со последните измени на Изборниот законик што ги усвои Собранието на Република Македонија, почетокот на забраната за емитување платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се поместува од 27 февруари 2016 година.[…]
ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВАЖАТ СЕКОГАШ
Скопје, 24.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги поттикнува медиумите сериозно и доследно да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи, целосно свесни за важната улога што ја имаат во процесот во кој граѓаните на едно демократско општество треба слободно да ги формираат своите ставови за сите општествено – политички прашања врз основа на вистинити и објективни информации и различни гледишта.[…]
Обука за радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување
Скопје, 16.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 15 до 19 февруари 2016 година ќе одржи шест работилници за регионалните, локалните и националните радиодифузери во Република Македонија, вклучувајќи го и јавниот радиодифузен сервис.[…]
Реакција во врска со емитуваното интервју во вестите на ТВ Сител
Скопје, 11.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува непочитувањето на професионалните новинарски принципи и стандарди од страна на одговорниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас при гостувањето на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во „Дневникот“ од 19 часот на 10 февруари 2016 година.[…]
Медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди
Скопје, 05.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите да покажат професионална одговорност и да ја извршуваат својата работа придржувајќи се до највисоките стандарди и принципи на новинарството.[…]
Реакција за написот на Либертас за преписката меѓу Дуња Мијатовиќ и Агенцијата
Скопје, 25.01.2016г. – Интернет порталот Либертас, денеска објави допис од претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Дуња Мијатовиќ до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, под наслов „Скандалозно: Зоран Трајчевски ја молел Дуња Мијатовиќ да каже дека нема потреба од медиумски реформи“. Објавениот допис од г-ѓа Мијатовиќ е одговор на претходно писмо што Агенцијата го упати до неа во декември минатата година, а кое регулаторното тело го објавува во прилог на оваа реакција со цел да придонесе за објективноста и точноста во известувањето.[…]
Годишен извештај за досегот на радиостаниците и уделот на сателитски, регионални и локални ТВ во вкупната гледаност
Скопје, 21.01.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објавува Годишниот извештај за 2015 година, за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и локално ниво.[…]