о започнувањето на изборната кампања за Локалните избори 2013 година, во сила е Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања во кој се уредени сите прашања поврзани со обврската на радиодифузерите да им овозможат на организаторите на изборна кампања еднакви услови за пристап до сите облици на медиумско претставување.[…]
Соопштенија за медиуми
26.02.2013г. Потсетување на радиодифузерите за правилата во врска со потврдените кандидати за локалните избори
Советот за радиодифузија ги потсетува радиодифузерите дека личностите кои од страна на надлежните изборни органи се потврдени како кандидати за градоначалници или за членови на советите на локалната самоуправа, не смеат да се појавуваат во програмите на радијата и телевизиите од моментот на потврдувањето до започнување на изборната кампања.[…]
21.01.2013г. Соoпштение за медиумите за потсетување на обврските што произлегуваaт од изборната регулатива
Советот за радиодифузија на РМ уште еднаш ги потсетува телевизиите и радијата дека во периодот до почетокот на изборната кампања не смеат да емитуваат содржини со кои непосредно или посредно промовираат ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници.[…]
СРД ги повикува медиумите да известуваат професионално
СКОПЈЕ, 02.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги повикува медиумите да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи и да избегнуваат сензационализам во известувањето.[…]
Регулаторните тела за медиуми на Македонија и Косово разменија искуства во областа на стратешкиот развој на медиумската сфера
СКОПЈЕ, 11.09.2012 – Пренесување на искуствата и знаењата за подготовка на Националната стратегија за развој на радиодифузната дејност во Македонија, Планот за распределба на дигиталните мултиплекси и дигитализацијата на радиодифузијата беа во фокусот на денешниот состанок,[…]
СРД повикува медиумите да промовираат култура на толеранција во општеството
СКОПЈЕ, 11 март 2012 – Советот за радиодифузија (СРД) изразува загриженост за начинот на известување во однос на актуелните инциденти на насилство. Затоа им укажува на радиодифузерите, при медиумското покривање на овие инциденти да придонесуваат кон намалување на тензиите, кон унапредување на општествениот дијалог, да промовираат култура на толеранција и да не поттикнуваат омраза и нетрпеливост.[…]
На сила стапија правилниците на СРД за медиумското покривање на изборите
СКОПЈЕ, 28.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска ги извести сите радиодифузери дека на 27 април 2011 година во „Службен весник на Република Македонија“ број 60, се објавени „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања.“[…]