
Скопје, 30 јуни 2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа јавен состанок, кој поради актуелната состојба со корона вирусот Ковид-19, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на многубројните реализирани активности согласно Годишната програма за работа во изминатите шест месеци.
Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на изборниот процес за Предвремените парламентарни избори, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка. […]
Скопје, 25 декември 2019 – Агенцијата денес го одржа последниот јавен состанок за 2019 година, на кој директорот, д-р Зоран Трајчевски ги презентираше реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатото тромесечје. Тој направи пресек на спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање и издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените студии, меѓународните активности, активностите во рамки на процесот на европска интеграција на земјава