- Допис до радиодифузерите за Кампањи за вакцинација и за антикорупција – 26.08.2021
- Допис до радиодифузери за обврските според Изборниот законик во периодот пред изборната кампања – 6.08.2021
- Допис до радиодифузери за обврските според Изборниот законик вo изборната кампања – 24.09.2021
- Допис до радиодифузерите со потсетување за обврските во врска со платеното политичко – 29.09.2021
29.10.2021 – Согласно членот 76-д од Изборниот законик, Извештаите за реализирани услуги за објавеното платено политичко рекламирање за вториот круг од изборната кампања, радиодифузерите треба да ги достават до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најдоцна до 3 ноември 2021 година.
Откако Агенцијата ќе ги потврди Извештаите за реализирани услуги, целосната документација со претходно потпишани извештаи и од учесниците во изборите, треба да се достави до Државната изборна комисија најдоцна до 12 ноември 2021 година.
27.10.2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека согласно членот 85-а од Изборниот законик, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни на образец пропишан од Министерството за финансии, да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и за средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа.
Извештајот се доставува до Министерството за финансии, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија. Рокот за достава на извештајот за првиот круг од изборната кампања истекува на 30 октомври, додека за вториот круг на 13 ноември 2021 година.