Jавен состанок 24.12.2021

ОДРЖАН ПОСЛЕДНИОТ ЈАВЕН СОСТАНОК НА АВМУ ЗА 2021

 Скопје, 24 декември 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа последниот јавен состанок за оваа година, кој поради состојбата со корона вирусот се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите за локалните избори, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, активностите на полето на меѓународната соработка.

На состанокот беа презентирани и наодите од Студијата за можностите за воведување на дигитално радио во земјава, која за потребите на Агенцијата ја изработи Таргет комуникации. Целта на Студијата беше да се направи анализа на постоечката инфраструктура (приемничка база, предаватели) за воведување на дигитално радио и да се истражат  можностите што ги нуди DAB/DAB+ технологијата. Со Студијата, имајќи ги предвид анализите од техничка и комерцијална природа, се предлага воведување на DAB+технологијата на  наменски мултиплекс  со тоа што  правото за оперирање би било доделено на ЈП Национална Радиодифузија. Дополнително, за да се направи успешен премин од FM кон DAB радио емитување, предложено е да бидат преземени активности со кои ќе се надминат идентификуваните ризици (голем број фм радио приемници, економска исплатливост на инвестицијата, соодветна промоција на новата технологија).

На состанокот се дискутираше и за резултатите од Анализата за можностите и потребите за воведување на DVB-T2, исто така, подготвена од Таргет комуникации. Потребата за оваа Анализа произлезе од обврските и праксата на  Агенцијата за следење и давање препораки за воведување на нови технологии во сферата на медиумите, односно во делот на преносот на медиумските содржини. Анализата содржи опис на сегашната состојба со дигиталното телевизиско емитување, истражени се можностите што ги нуди DVB-T2 технологијата и дадени се препораки и предлози за нејзиното воведување. Врз основа на анализите од техничка и комерцијална природа предложено е DVB-T2 технологијата да се воведе во 2026 година. Во меѓувреме, препорачано е да се преземат активности со кои ќе се надминат одредени ризици (слободен капацитет на постоечките мултиплекси, големиот број DVB-T приемници, неможноста за истовремено емитување на бесплатните канали во DVB-T и DVB-T2 заради немање дополнителни фреквенции) и да се подготви план за воведување на DVB-T2 технологија.

Добиените ставови и мислења за јавниот состанок, можат да се преземат на следниот линк

Презентациите се достапни на следните линкови:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АААВМУ

д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Студијата за можностите за воведување на дигитално радио

Светлана Петровска – Таргет комуникации

Сашо Србаков – Консултант

Анализата за можностите и потребите за воведување на DVB-T2

Светлана Петровска – Таргет комуникации

Сашо Србаков – Консултант


Агендата за јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк

Пријавата за учество на јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility