Достапност до медиумите за лица со сетилна попреченост

ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Изборите 2024

Скопје, 3 април 2024 – Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

Содржина во пристапен формат за лицата со попреченост ќе емитуваат МРТ 1, МРТ 2, ТВ Алфа, ТВ Алсат М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Сонце, ТВ 24 Вести и Наша ТВ.

Иако нема обврска од Изборниот законик, програма пристапна за лицата со сетилна попреченост ќе обезбеди и регионалната ТВ М од Охрид.

Листата со пристапни содржини за секој медиум одделно е достапна на линкот.


Одржана јавна презентација на Нацрт – Правилникот за пристапност до медиумските услуги

 Скопје, 14 март 2024 – Вчера во просториите на Europe House во Скопје, се одржа јавна презентација на Нацрт – Правилникот за пристапност до медиумските услуги, подготвен во рамки на проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“.

Во воведното обраќање директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски посочи дека изработката на актoт произлегува од измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од јули 2023 година, со кои се овозможува задолжителна пристапност до медиумските услуги за лицата со попреченост. „Лицата со визуелна, слушна, моторна или когнитивна попреченост, старите лица, повредените лица, секојдневно наидуваат на препреки, не само во физичкиот, туку и во дигиталниот свет, и во користењето на медиумските содржини. Очекуваме овој Правилник да придонесе за надминување на дел од препреките, а на оваа тема и понатаму ќе останеме активно посветени“ – нагласи Трајчевски. Повеќе

Брошура „Како да се обезбедат информации …(повеќе)

Со цел на популарен начин да биде појаснето, како медиумите во зависност од видот на попреченоста – слух, вид, физичка или умствена, да обезбедат полесна комуникација преку употреба на видеа со титлување, отворени или затворени текстуални описи, гестов говор или аудио описи, Агенцијата ја подготви брошурата „Како да се обезбедат информации за лицата со сетилна попреченост – Пристап, услуги, програми, материјали и алтернативни формати“.  

Брошурата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик, и во неа се посочени и потребите, идеите и согледувањата на слепите и лицата со оштетен вид, како и на глувите и наглувите лица во Република Македонија. Брошурата е достапна на следниот линк 

 

Политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост 

Советот на Агенцијата на 45-та седница одржана на 17 декември 2020 година, усвои Политика за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост, за која претходно имаше отворено јавна расправа.

Во документот се исцртуваат и посочуваат главните правци на делување на регулаторното тело, додека конкретните активности ќе зависат од актуелните потреби на целната група т.е. визуелно и слуховно попречените лица, но и другите лица со инвалидност, како и од можностите на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелните услуги по барање, и ќе се планираат на годишно ниво.

Усвоен Извештај за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост (2016-2018)

На 25-та седница, одржана на 17 јуни 2019 година, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, за периодот 2016-2018 година.

Во Извештајот се опфатени сите активности, истражувања, брошури, кои регулаторното тело ги спороведе согласно двегодишната Програма, како и активности кои во перспектива би придонеле за зголемување на достапноста до програмите за лицата со попреченост.

 

 

 

 

Одржан работен состанок за обезбедување пристап до програмите за лицата со попреченост

Во рамки на заложбите за поттикнување активности кај радиодифузерите, за да ги направат програмите достапни за лицата со оштетен вид и слух, Агенцијата одржа работен состанок со претставници на националните телевизиски сервиси. Целта на состанокот беше да се разгледаат начините и можностите, како радиодифузерите да ги прилагодат своите програми за лицата со сетилна попреченост, и да се прикажат придобивките што телевизиите можат да ги добијат од ваквиот процес….
повеќе


Истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух – понуда и потреби“

Во четвртото тромесечје од 2016 година заврши Истражувањето „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух – понуда и потреби“, предвидено со тригодишната Програма за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, донесена во 2015 година. Резултатите од ова истражување беа презентирани на четвртиот јавен состанок на Агенцијата, кој се одржа на 29 декември 2016 година.

За целите на ова истражување беше изготвен Прашалник за тоа колкава и каква е понудата на телевизиска програма наменета за лицата со сетилна попреченост, и истиот беше испратен до сите ТВ сервиси. Исто така, беа спроведени интервјуа со претставниците на организациите кои ги претставуваат луѓето со оштетен вид и слух и со други релевантни организации.

Презентацијата и целото истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух – понуда и потреби“ се достапни на линковите во прилог:


Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух, потреби и понуда (презентација)

Истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух, потреби и понуда“ (pdf.)


Процедура за комуникација со граѓани со одреден вид на попреченост

Во рамки на проектот „Достапна администрација за лица со хендикеп“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Процедура за комуникација со граѓани со одреден вид на попреченост. Процедурата е усвоена во контекст на остварување на Програмата на Агенцијата за обезбедување на достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост… повеќе

Програма за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги континуирано е посветена кон остранувањето на бариерите кои ги спречуваат лицата со сетилна попреченост да пристапуваат до информациите и да ги користат аудиовизуелните услуги кои се достапни за повеќето граѓани во Македонија… повеќе

 


За комуникација со граѓани со сетилна попреченост кликнете тука.



Accessibility

Accessibility