1

Радиодифузери

Медиумскиот сектор во Република Северна Македонија се состои од три сегменти: (1) јавен сервис (Македонската радиотелевизија), (2) комерцијални телевизии и радија и (3) непрофитни радија.

Радио или телевизиско емитување може да се врши само врз основа на дозвола, којашто ја доделува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Периодот на важност на дозволите за телевизиско или радио емитување е девет години со можност за продолжување, исто, за 9 години.

Во моментов има вкупно 107 радиодифузери, од кои 44 телевизии и 63 радија. Од телевизиите, 11 емитуваат програма на државно ниво (5 преку мултиплекс, 4 преку кабелски оператори и 2 преку сателит); 18 на регионално ниво (6 преку мултиплекс и 12 преку кабелски оператори) и 15 локални телевизии (преку кабелски оператори).

Од радијата, 4 се на државно ниво, 16 на регионално (од кои едно непрофитно) и 43 на локално ниво (3 се непрофитни).

Агенцијата врши надзор врз работењето на радиодифузерите од повеќе аспекти: заштита на малолетната публика, рекламирање, спонзорство, пласирање производи, обврските за емитување музика и за изворно создадени програми…

За секој извршен надзор се изготвува извештај. Ако е констатирано прекршување, на радиодифузерот му се изрекува мерка – опомена, односно, доколку се продолжува со вршење на истата повреда на законот, во текот на годината, се покренува прекршочна постапка пред надлежен суд.

 

ТЕЛЕВИЗИИ

РАДИЈА

 

  1. Решение за прекин на постапката за наплата на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско или радио емитување за 2023г.
  2. Решение за прекин на постапката за наплата на годишниот надоместок за радио емитување за 2023г за РА Јехона
  3. Решение за прекин на постапката за наплата на годишниот надоместок за радио емитување за 2023г за ТВ Гурра