СРД ги изготви предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите и побара мислење од ДИК

image_pdfimage_print

predlog-pravilniciСКОПЈЕ, 19.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска попладне ги усвои предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите пред започнувањето на изборната кампањата и за време на кампањата. Притоа беа разгледани и земени предвид сите коментари и забелешки што до СРД ги упатија радиодифузерите, Центарот за развој на медиуми и граѓанскиот сектор.

Пред на седница да ја усвои финалната верзија на правилниците СРД побара и мислење од Државната изборна комисија во однос на најновиот текст на правилниците.

За сите заинтересирани субјекти, предлог-правилниците, со вклучените забелешки се достапни и на веб страницата на СРД, во делот за јавни расправи.



Accessibility

Accessibility