Редовен програмски надзор врз кабелските оператори СИГНАЛ-НЕТ, КАНАЛ 16, ТЕЛЕНЕТ КОМ и КОМБО 2003

Скопје, 21.06.2018г. – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз кабелските оператори СИГНАЛ-НЕТ, КАНАЛ 16, ТЕЛЕНЕТ КОМ и КОМБО 2003 за законските одредби кои се однесуваат на обврските за регистрација на програмските сервиси во Агенцијата и за титлување на македонски или на јазикот на заедницата која не е мнозинство во РМ. Со надзорите е констатирано дека кабелските оператори постапиле согласно одредбите од ЗААВМУ.

Извештаите се достапни на следните линкови:

СИГНАЛ-НЕТ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 20.06.2018

КАНАЛ 16 – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 20.06.2018

ТЕЛЕНЕТ КОМ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 20.06.2018

КОМБО 2003  – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 20.06.2018




Контролен административен надзор врз Рaдио Лав и ТВ Гурра

 Скопје, 20.06.2018г. – Врз Радио Лав и ТВ Гурра, Агенцијата изврши контролен административен надзор, за да утврди дали постапиле по Решенијата за преземање мерка-опомена, упатени заради неисполнување на обврската до 31 март 2018 година, на посебен образец пропишан од Агенцијата, да ги достават податоците за сопственичка структура, уредништво, изворите на финанирање и остварените приходи и расходи во претходната година.

Надзорот покажа дека радиодифузерите ги доставија потребните податоци во Агенцијата.

Извештаите од спроведените надзори може да се преземат на следниве линкови:

Радио Лав – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 20.06.2018

ТВ Гурра – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 20.06.2018




Редовен административен надзор врз издавачите на печатени медиуми

Скопје, 20.06.2018г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 21 издавач на печатени медиуми, со цел да констатира дали истите објавиле импресум, податоци за седиште, печатница, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, обврска од Законот за медиуми.

Со надзорот е констатирано дека сите 29 печатени медиуми опфатени со надзорот ја исполниле оваа обврска.

Извештајот е достапен на линкот:

Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 20.06.2018




Програмски надзор врз кабелските оператори Моби Сервис и Кабел АС КТВ

Скопје, 19.06.2018г. – Редовен програмски надзор за почитување на правилата за титлување и регистрација на програмски сервиси кои ги реемитуваат операторите, Агенцијата изврши врз Моби Сервис од Прилеп и Кабел АС КТВ од Македонски Брод.

При надзорот и кај двата оператори не се констатирани прекршувања.

Извештаите од спроведениот надзор се достапни на линковите:

 




Извршен вонреден административен надзор врз Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА и ТВ ШУТЕЛ

Скопје, 18.06.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 18 јуни изврши вонреден административен надзор врз локалната Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА од Гостивар и регионалната ТВ ШУТЕЛ од Скопје, за почитувањето на членот 22 од Правилникот за минимални, технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Надзорот покажа дека двете телевизии ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени со овој Правилник.

Извештаите за спроведените административни надзори се достапни на линковите:

Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА

ТВ ШУТЕЛ




Соопштение за јавност

Скопје, 18.06.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува вчерашните напади врз медиумските работници, насилничкото приведување новинари, но и непрофесионалното однесување од некои новинари.

Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес.

Меѓутоа, истовремено, новинарите при известувањето мора да обезбедат професионална дистанца, непристрасно и избалансирано известување. Во овој контекст, Агенцијата апелира да не се применуваат облици на непримерна комуникација со јавноста, а уште помалку да се поттикнува насилство по било која основа.

Само со професионално медиумско известување може да се покренат пошироки јавни дебати и да се придонесе за слободно создавање јавно мислење и формирање критички ставови.




Записник од седница бр.25 од 01.06.2018

pdfЗаписник од 25-та седница од 01.06.2018




Билатерална средба со Регулаторната агенција за комуникации на БиХ

Скопје, 18.05.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вчера и денес беше домаќин на претставниците на Регулаторната агенција за комуникации на Босна и Херцеговина.
Надлежностите, начинот на доделување дозволи и надоместоците за дозволи за емитување, процесот на регулација на аудиовизуелни медиумски услуги на барање, промените на сопственичката структура, утврдување недозволена медиумска концентрација, беа дел од темите на средбата помеѓу двете регулаторни тела.

</span

Воедно, беа разменети искуства за спроведување на правилата за аудиовизуелни комерцијални комуникации во делот на пласирање производи и спонзорствo, активностите и мерките за обезбедување пристап до програмите на лицата со сетилна попреченост, како и за стандардите за прикажување малолетници во вести и за нивно учество во други програми. Посебно внимание се посвети и на искуства во поглед на регулативата и начинот на реализација на мониторингот на медиумските содржини за време на изборни процеси.

На крајот на дводневната средба, беше договорено наесен да се одржи уште една средба на која ќе се потпише и меморандум за соработка, чија цел е да придонесе за проширување и продлабочување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на медиумската регулација.




Јавно отворање по конкурс за доделување дозвола за радио

Скопје, 08.05.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 4-тата седница одржана на 05.02.2018 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Струга, УП1 бр.08-34 од 05.02.2018 година (објавена на 06.02.2018 година во „Службен весник на Република Македонија“, бр.24/18).

Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 07.05.2018 година. Пријавите кои ќе бидат поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на пријавите.

Јавното отворање, согласно точка 13 од донесената одлука, ќе се одржи на 14.05.2018 година, понеделник во 13:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.




Донесено Упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт

Скопје, 03.05.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт.


Потребата за упатството произлезе од вонредниот надзор за почитување на член 67 став 6 од ЗААВМУ, кој укажа дека е потребно да се објасни како ќе се пресмета дали радиодифузерот во текот на една недела исполнува 80% од програмскиот концепт за којшто има добиено дозвола.

Јавната расправа за документот се одвиваше од 23 до 30 април 2018 година, а сите заинтересирани страни можеа да учествуваат и да испратат предлози до Агенцијата.

Упатството за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт е достапно на следниот линк.