Завршени расправи во 2024 година
Завршена јавна расправа за Нацрт-правилник за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање
Советот на Агенцијата на 29-та седница одржана на 17 јули, усвои Нацрт-правилник за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
Со подзаконскиот акт се уредуваат формата и содржината на пријавата за евидентрање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и начинот на кој се одлучува кое физичко лице ќе се смета за давател на аудиовизуелни медиумски услуги по барање во смисла на ЗААВМУ.
Агенцијата ги повика сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа за Нацрт-правилникот траеше 75 дена, заклучно со 1 октомври 2024 година.
Завршена јавна расправа за Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за спонзорство, Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за заштита на малолетните лица, Нацрт-водич за мониторинг на говорот на омраза – второ дополнето и изменето издание
Советот на Агенцијата на 29-та седница одржана на 17 јули, усвои Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за спонзорство, Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за заштита на малолетните лица и Нацрт-водич за мониторинг на говорот на омраза – второ дополнето и изменето издание.
Агенцијата ги повика сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше 45 дена, заклучно со 2 септември 2024 година.
Доставени мислења и предлози по Нацрт документите
Завршена јавна расправа за Нацрт- Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти
Советот на Агенцијата на 26-та седница одржана на 12 јуни усвои Нацрт-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти.
Измената и дополнувањето на Правилникот произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од јули 2023 година, поврзани со давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
Агенцијата ги повика сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше 75 дена, заклучно со 27 август 2024 година.
Завршена јавна расправа за Нацрт-Правилникот за пристапност до медиумските услуги
Советот на Агенцијата на 9-та седница, одржана на 12 март 2024 година усвои Нацрт-Правилник за пристапност до медиумските услуги (линкот е во пристапен формат). Потребата за овој акт произлегува од измените и дополнувањата на ЗААВМУ од јули 2023 година, со кои обезбедувањето програми пристапни до лицата со попреченост стана обврска за радијата, телевизиите и медиумските услуги видео по барање, кои се должни да ја спроведуваат континуирано и прогресивно.
Нацрт-документот меѓу другото пропишува какви се обврските за давателите на аудиовизуелни медиумски услуги во зависност од нивните ресурси и досег на публиката, на кој начин можат да ги направат пристапни програмите, каталозите по барање односно понудата со одложено гледање, како и електронскиот програмски водич и др.
Агенцијата ги повика сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше 90 дена, заклучно со 10 јуни 2024 година.
Завршена јавна расправа за Нацрт-Упатството за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи
На 13 март Агенцијата отвори јавна расправа за Нацрт- Упатство за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи кој го усвои Советот на Агенцијата на 9-та седница одржана на 12 март 2024 година. Измената и дополнувањето на Упатството произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од јули 2023 година, каде беа направени промени поврзани со пласирањето производи.
Агенцијата ги повика сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше 90 дена, заклучно со 11 јуни 2024 година.
Завршена јавна расправа за Нацрт-Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024
Советот на Агенцијата на 11-та седница одржана на 20 март 2024 година усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.
Со документот се појаснува начинот на примена на правилата од Изборниот законик за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), за означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбата на времето во вести кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, како и правилата за известување во деновите на изборниот молк.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше 5 дена, заклучно со 25 март 2024 година.
Завршени расправи во 2023 година
Завршени расправи во 2022 година
Завршени расправи во 2021 година
Завршени расправи во 2020 година
Завршени расправи во 2019 година