Завршени расправи во 2020 година 

Завршена  Jавна расправа за две Нацрт-Упатства и еден Нацрт-Правилник за измена и дополнување на Правилник

На 28 февруари 2020 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори Јавна расправа за текстот на:
– Нацрт–Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија, со прилог Образец;

– Нацрт–Упатство за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава; и

– Нацрт–Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година, со четири прилози кон Нацрт-Правилникот.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни да учествуваат во Jавната расправа по нацрт документите, и своите мислења и предлози во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше до 3 април 2020 година.


Завршена Јавна расправа за Нацрт-Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување и Нацрт-Упатство за потврдување на извештаите за емитувано ППР

На 28 февруари 2020 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори Jавна расправа за текстот на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси и Нацрт-Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни да учествуваат во Jавната расправа со свои мислења и предлози за двата документа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше до 6 март 2020 година.


Завршена јавна расправа за Нацрт-упатството за лимитите за ППР за изборите во 2020 година

Од 3 март заклучно со 11 март 2020 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори Јавна расправа за текстот на Нацрт-упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година.

Сите заинтересирани страни можат да учествуваат во Јавната расправа со свои забелешки, мислења и ставови и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Добиени предлози за измена на Нацрт-упатството од претседателот на Советот на Агенцијата, Лазо Петрушевски – 11.03.2020


Завршена јавна расправа за Нацрт-упатство за ППР за Предвремените локални избори 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстот на Нацрт-упатството за платено политичко рекламирање за Предвремените локални избори 2020 година.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, која траеше заклучно со 16 ноември 2020 година, и истите во писмена форма да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk.


Завршена јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстот за Нацрт – политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост.

Во овој документ се исцртуваат и посочуваат главните правци на делување на регулаторното тело, додека конкретните активности ќе зависат од актуелните потреби на целната група т.е. визуелно и слуховно попречените лица, но и другите лица со инвалидност, како и од можностите на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелните услуги по барање, и ќе се планираат на годишно ниво.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше до 31 октомври 2020 година.

Добиени мислења и коментари од јавната расправа за Нацрт – политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост и ставот на Агенцијата 


Завршена јавна расправа за две Нацрт-Упатства и еден Нацрт-Правилник за измена и дополнување на Правилник

На 14.05.2020 година, Согласно Уредбата со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во време на вонредна состојба (Службен весник на РС Македонија бр.123/20),  се одржа јавната расправа за следните подзаконски акти:

– Нацрт–Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија, со прилог Образец;

– Нацрт–Упатство за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава; и

– Нацрт–Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година, со четири прилози кон Нацрт-Правилникот,

„може да се спроведе со употреба на средствата за електронска комуникација и истата трае 15 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила“.

Во врска со ова, Агенцијата ги повикa сите заинтересирани страни да учествуваат во Jавната расправа по нацрт документите, и своите мислења и предлози во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk, заклучно со 27.05.2020 година.

 

Добиени мислења и забелешки од заинтересирани страни

– Мислења и предлози по Нацрт-Правилник и Нацрт-Упатства од А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

– Мислења и забелешки во врска со Нацрт-Правилник и Нацрт-Упатства од Асоцијација на кабелски оператори АКО

– Забелешки на Предлог-Правилници од Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК Нет – Скопје

– Коментари за Нацрт-Правилник и Нацрт Упатство од Македонски Телеком АД Скопје

–  Забелешки за Нацрт-Упатства и Нацрт Правилник од Канал 5 Телевизија


 



Accessibility

Accessibility