25.11.2009г. СРД и српската Регулаторна радиодифузна агенција ќе ја интензивираат соработката

image_pdfimage_print

RRA_SRDСкопје, 25 ноември 2009 – Интензивирањето на соработката во областа на заштитата на авторското право, дигитализацијата на телевизијата и размената на најдобрите практики од областа на регулацијата на електронските медиуми и формирањето на заедничка балканска платформа на регулаторни тела беа во фокусот на разговорите што ги водеа делегацијата од Регулаторната радиодифузна агенција (РРА) на Република Србија,
предводена од претседателот на РРА, епископот Јегарски д-р Порфирије Периќ и Советот за радиодифузија (СРД) на Република Македонија.

„Нашите искуства, пред сè, околу дигитализацијата на земската телевизија и воведувањето на аудио-видео услуги на барање, ќе и’ бидат од голема полза на српската Регулаторна радиодифузна агенција. Секако, размената на најдобри практики не застанува овде, ние планираме и унапредување на заедничкиот пристап при регулирање на регионални аудио-визуелни проекти, кои ги засегаат и двете страни.“ – рече претседателот на СРД, Зоран Стефаноски.

На инцијатива на СРД двете регулаторни тела најавија и скорешно формирање на Балканска платформа на регулаторни тела, која ќе ја зголеми соработката меѓу регулаторите за електронски медиуми од земјите на Балканскиот полуостров. Неколку земји од регионот веќе изразија заинтересираност да ги користат македонските искуства во регулирањето на електронските медиуми и дигитализацијата на земската аналогна телевизија, па така оваа регионална платформа ќе овозможи поквалитетна размена на најдобри практики и координиран пристап во регулирањето на регионалниот медиумски пазар.



Accessibility

Accessibility