Се објавува конкурс за доделување 1 (една) дозвола за вршење радиодифузна дејност на непрофитна радиодифузна установа – за емитување и пренос на радио програмски сервис…
Република Македонија
Совет за радиодифузија
Бр. 07-4049/1
02.12.2009 година
С к о п ј е
Врз основа на член 44, а во согласност со член 45, 46 и 47 од Законот за радиодифузната дејност (Службен весник на РМ бр.100/05, 19/07, 103/08, 152/08), и Заклучокот на Советот бр. 02-4023/5 од 02.12.2009 година, Советот за радиодифузија на Република Македонија, на 23-та седница одржана на 02.12.2009 година, ја донесе следната
за објавување конкурс за доделување дозвола
за вршење радиодифузна дејност на непрофитна
радиодифузна установа – за радио
на локално ниво (Битола)
1. Се објавува конкурс за доделување 1 (една) дозвола за вршење радиодифузна дејност на непрофитна радиодифузна установа – за емитување и пренос на радио програмски сервис, на македонски јазик, со опфат на слушаност на подрачјето на Битола (локално ниво), наменет за задоволување на специфичните потреби и интереси на студенската популација.
2. Радио програмскиот сервис ќе се емитува и пренесува преку терестријален предавател на фреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации на РМ.
3. Дозволата за вршење радиодифузна дејност од точка 1 на ова Одлука, ќе се додели за временски период од 9 (девет) години и таа не може да се пренесува на друго лице.
4. Условите и барањата што кандидатите треба да ги исполнуваат за вршење на дејноста, како и критериумите за споредување и вреднување на пријавите и нивната тежина при оценувањето, се содржани во Конкурсот кој содржи општи, технички, продукциски, програмски и други услови кои се составен дел на оваа Одлука (Прилог 1)1.
5. Основните технички услови, стандарди и параметри за емисиониот дел одредени во согласност со Законот за електронските комуникации (Службен весник на РМ, бр. 13/05, 14/07, 55/07, 98/08 ) се содржани во Одобрението за користење радиофреквенција издадено од Агенцијата за електронски комуникации.
6. За дозволата се плаќа годишен надоместок за секоја тековна година, почнувајќи од датумот на доделувањето на дозволата, на сметката на Советот за радиодифузија на РМ.
Висината на годишниот надоместок за дозволата, Советот за радиодифузија ќе ја пресметува согласно член 60 од Законот за радиодифузната дејност, на почетокот на секоја календарска година.
7. За користење на радиофреквенциите за радиодифузна и за фиксна служба се плаќа годишен надоместок пресметан според Правилникот за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции, донесен од страна на Агенцијата за електронски комуникации (Службен весник на РМ, бр. 01/06).
Надоместокот за користење на радиофреквенции се плаќа на сметка на Агенцијата за електронски комуникации за секоја тековна година, почнувајќи од датумот на издавањето на Одобрението за користење на радиофреквенции.
8. За определување на предавателната микролокација, максималната ефективна моќност што се зрачи (ЕРП), насоченоста на антенскиот систем, како и за другите технички параметри што не се определени со оваа Одлука и Конкурсот, кандидатите се должни (по подигањето на документацијата од Советот за радиодифузија и добивањето на потврда од Советот за подигнатата документација), да се обратат во Агенцијата за електронски комуникации каде ќе ги добијат деталните технички параметри, кои се составен дел на Конкурсот и според кои ќе треба да се изработи техничкиот елаборат за предавателниот дел.
Пријавувањето на кандидатите во Агенцијата за електронски комуникации треба да биде со истиот назив како и во Советот за радиодифузија.
9. Кандидатите на конкурсот поднесуваат пријави на посебен образец чија форма и содржина ги пропишува Советот за радиодифузија на РМ.
Општите, техничките, продукциските, програмските и другите услови, кои се составен дел на Конкурсот, и Образецот – Пријава, можат да се подигнат во Советот за радиодифузија на Република Македонија, бул. “Маркс и Енгелс” бр.3, Скопје.
За документацијата се плаќа надоместок во износ од 5.000,00 денари на жиро сметка: 300000000618023, Банка депонент: Комерцијална банка А. Д. Скопје.
10. Пријавата се поднесува до Советот за радиодифузија на Република Македонија, на адреса: бул. “Маркс и Енгелс” бр. 3, Скопје, со назнака “Пријава за конкурс за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност – на непрофитна радиодифузна установа за емитување и пренос на радио програмски сервис за потребите на студентската популација на подрачјето на Битола”.
Пријавата, со придружната документација, се поднесуваат во 2 (два) оригинални примерока.
11. Пријавата може да се достави препорачано по пошта или со предавање во архивата на Советот за радиодифузија на РМ.
12. Пријавата за учество на Конкурсот се поднесува во рок од 50 (педесет) дена.
Рокот за поднесување на пријавите тече од првиот нареден ден од денот на објавувањето на оваа Одлука во “Службен весник на РМ”.
Пријавите се поднесувааат во рокот определен со оваа Одлука на начин, форма и со содржина предвидена во Конкурсот со Општите, техничките, продукциските, програмските и другите услови.
Пријавите што ќе бидат поднесени по истекот на рокот определен со оваа Одлука и нема да бидат подготвени и доставени според условите утврдени во Конкурсот со општите, техничките, продукциските, програмските и другите услови, нема да бидат разгледувани.
13. Оваа одлука се објавува во “Службен весник на Република Македонија”, на веб-страницата на Советот за радиодифузија на Република Македонија и во најмалку два дневни весника.
Претседател,
Зоран СТЕФАНОСКИ, с.р.