Агенцијата го честита Светскиот ден на книгата и авторското право

Agencijata go cestita denot na knigataСкопје, 23.04.2015г. – Денот на книгата и авторското право е годишен настан кој се слави во целиот свет за да се промовира читањето и културниот аспект на книгите. УНЕСКО го одбележува овој ден, 23 април, обезбедувајќи можност за размислување за начините за подобро ширење на културата на пишаниот збор и да им се овозможи на сите поединци пристап до истата, преку програми за едукација, отворени образовни ресурси, како и поддршка за кариера во издаваштво, библиотеки и училишта.

Од неговото донесување од страна на Генералната конференција одржана во Париз во 1995 година, овој ден е вистински успех. На овој начин им се оддаде почит на книгите и авторите ширум светот, охрабрувајќи ги сите, посебно младите да го откријат задоволството од читање и стекнување на обновена почит кон незаменливите допринесувања на оние кои го унапредиле социјалниот и културен напредок за човештвото. Поради ова, УНЕСКО го создал Денот на книгата и Авторското право.

Многу активности ќе се одржат во седиштето на УНЕСКО, каде што ќе се одржи конференција на дигиталното издаваштво и бројни работилници.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на писателите и на сите оние кои пронаоѓаат задоволство во читањето на книги им го честита светскиот ден на книгата и авторското право и апелира тој да се одбележи на соодветен начин.



Accessibility

Accessibility