Tече рокот за усвојување и доставување ценовници за ППР

image_pdfimage_print

Скопје, 19.10.2016г. – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека од вчера тече рокот во кој треба да усвојат и да достават ценовници за платено политичко рекламирање.

Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, најдоцна до недела, 23 октомври треба да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци пред денот на распишување на изборите.

Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.

Ценовниците до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги можат да се достават до архивата на Агенцијата или на е-адресата contact@avmu.mk



Accessibility

Accessibility