Скопје, 02.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при мониторинг на изборното медиумско претставување на радиодифузерите, кај Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје, Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, Регионална ТВ Ултра ДООЕЛ Скопје, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје и ТВ Алсат-М ДОО Скопје констатираше прекршување на одредбите од Изборниот законик.
Со надзорот врз ТВ КОМПАНИ-21 ДООЕЛ Скопје, Регионална ТВ Ултра ДООЕЛ, ТВ Телма ДООЕЛ СКопје, ТВ Алсат-М, Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје Агенцијата констатираше прекршување на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик.
Мониторингот над Наша ТВ и Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје покажа прекршување на член 76 став 4 од Изборниот законик.
Извештаите од спроведениот мониторинг се достапни на линковите во прилог: