Скопје, 16.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, во текот на вчерашниот ден поднесе барања за поведување прекршочни постапки во кои судот ќе изрече прекршочна санкција-опомена, против 8 радиодифузери.
Поради прекршување на изборниот молк и непочитување на членот 76-б став 3 од Изборниот законик, Прекршочни постапки се поведуваат против Македонска Радиотелевизија Скопје – Прв програмски сервис МРТ 1, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје,ТВ Канал Три ДОО Дебар, ТВ Ера ДОО Скопје и ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје.
Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) можат да се преземат на следните линкови:
Предлог за изрекување мерка – Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРТ 1
– Надзор над изборното медиумско претставувањe – Прв програмски сервис МРТ 1
Предлог за изрекување мерка – ТВ Алсат-М ДОО Скопје
– Надзор над изборното медиумско претставувањe – ТВ Алсат-М ДОО Скопје
Предлог за изрекување мерка – ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје
– Надзор над изборното медиумско претставувањe – ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје
Предлог за изрекување мерка – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје
– Надзор над изборното медиумско претставувањe – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје
Предлог за изрекување мерка – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје
– Надзор над изборното медиумско претставувањe – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје
Предлог за изрекување мерка – ТВ Канал Три ДОО Дебар
– Надзор над изборното медиумско претставувањe – ТВ Канал Три ДОО Дебар
Предлог за изрекување мерка – ТВ Ера ДОО Скопје
– Надзор над изборното медиумско претставувањe – ТВ Ера ДОО Скопје
Предлог за изрекување мерка-опомена – ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје
– Надзор над изборното медиумско претставување – ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје