Скопје, 16.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши мониторинг над изборното медиумско претставување врз 22 програмски сервиси, за периодот од 1 до 9 декември 2016 година.
Со надзорот се опфатени: Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРА1, Македонска Радиотелевизија Трет програмски сервис МРА 3, Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРТ 1, Македонска Радиотелевизија Втор програмски сервис МРТ 2, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје, Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ АРТ ДОО Тетово, ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје, ТВ Сител ДООЕЛ Скопје, ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје, ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип, Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје, Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, ТВ Канал 5 Плус ДООЕЛ Скопје, ТВ Сител 3 ДООЕЛ Скопје, Радио Рос Метрополис ДОО Скопје и Радио Антена 5 ДОО Скопје.
Надзор над изборното медиумско претставување е извршен и врз Македонска Радиотелевизија – Собраниски канал за член 76-а ставови 8 и 9 од Изборниот законик и Програмски сервиси на Македонска Радиотелевизија (МРТ 1, МРТ 2 и МРА 1) за член 76-а ставови 5, 7 и 9 од Изборниот законик. Овие надзори се однесуваат на периодот од 21 ноември до 9 декември 2016 година.
Писмените извештаи од спроведените надзори се достапни на линковите во прилог:
Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРТ 1
Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРА 1
Македонска Радиотелевизија – Втор програмски сервис МРТ 2
Македонска Радиотелевизија – Трет програмски сервис МРА 3
Програмски сервиси на Македонска Радиотелевизија (МРТ 1, МРТ 2 и МРА 1)
Македонска Радиотелевизија – Собраниски канал