Скопје, 30.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изготви Извештај за спроведување на програмскиот концепт од страна на радиодифузерите во 2015 година.
Согласно член 15 став 5 од Законот за медиуми, радиодифузерите се должни на надлежното регулаторно тело да му достават писмен извештај за спроведување на обврските предвидени со дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведувањето на програмскиот концепт, најдоцна до 31 март во тековната година. Во прилог на извештајот се доставува и информација за техничките средства преку кои се емитуваат или реемитува нивниот програмски сервис во РМ или надвор од неа.
Извештајот за спроведување на програмскиот концепт од страна на радиодифузерите во 2015 година е достапен на следниот линк