Осуда за вчерашниот напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести

image_pdfimage_print

Скопје, 08.06.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести, кој се случи во центарот на Штип.
Агенцијата за сите претходни напади врз медиумските работници неколкупати реагираше, дека безбедноста на медиумските професионалци во ниту еден случај не смее да биде загрозена. Агенцијата повторно апелира да не се попречува работењето на медиумите и медиумските работници да се остават достоинствено да ги извршуваат своите професионални обврски.



Accessibility

Accessibility