Редовен административен надзор врз сите 90 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

Скопје, 4 мај 2026 – Врз 90 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма Агенцијата изврши редовен административен надзор за обврската до 31 март на посебен образец пропишан од страна на Агенцијата да и достават податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во претходната година, остварените вкупни приходи и расходи во претходната година од обезбедувањето на дејноста и за просечната гледаност или слушаност во претходната година.

При надзорот беше констатирано дека Телевизија Плус не ја исполни обврската, односно воопшто не достави податоци, додека ТВ 24 Вести обврската ја исполни само делумно, односно не ги достави сите потребни податоци и документи.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Општ извештај – (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 30.04.2026

ТВ 24 Вести – (прекршување член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 30.04.2026

ТВ Плус – (прекршување член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 30.04.2026

 



Accessibility

Accessibility