Скопје, 4 мај 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз 48 издавачи на онлајн медиуми-интернет портали.
Предмет на надзорот беше обврската според која издавачите на онлајн медиуми-интернет портали се должни до 31 март во тековната година, на посебен образец пропишан од страна на Агенцијата, да и достават податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, остварените вкупни приходи и расходи во претходната година од обезбедувањето на дејноста и за вкупниот број на вработени односно ангажирани лица.
При надзорот беше констатирано дека обврската од Законот за медиуми не ја исполни во целост Друштвото за производство, промет и услуги РЕПРО ПРИНТ, издавач на онлајн медиумот-интернет порталот „Нова Македонија“.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Општ извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 30.04.2026
Нова Македонија – (прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 30.04.2026