Скопје, 5 мај 2026 – Агенцијата изврши редовни програмски надзори врз давателите на АВМУ по барање Свод Мастер, Мтел и Македонски Телеком за обврските од членот 60 став 1 од ЗААВМУ.
Според овие обврски, уделот на европските дела во каталозите на програми на давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање под јурисдикција на Република Северна Македонија треба да биде најмалку 30% и европските дела треба да се позиционираат во каталогот на програми на начин да бидат соодветно видливи.
При извршените програмски надзори не се констатирани прекршувања.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Свод Мастер – (член 60 став 1 од ЗААВМУ) – 30.04.2026
Мтел – (член 60 став 1 од ЗААВМУ) – 30.04.2026
Македонски Телеком – (член 60 став 1 од ЗААВМУ) – 30.04.2026