Скопје, 13.05.2026 – На вчерашната 17-та седница, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-одлука за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија, за која е отворена јавна расправа.
Со Нацрт-одлуката се утврдува листа на настани (национални или меѓународни) чие телевизиско емитување се смета дека е од големо значење за населението во Република Северна Македонија и кои задоволуваат одредени критериуми утврдени во самиот документ.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
Јавната расправа ќе трае до 12 јуни 2026 година.