Скопје, 14 мај 2026 – Во последните години дигиталните платформи станаа еден од клучните простори за формирање јавно мислење во секое време, вклучувајќи го и изборниот период. Покрај традиционалните медиуми, сега значајна улога во комуникацијата со јавноста имаат и инфлуенсер(к)ите кои имаат профили/канали на социјалните мрежи со голем број следбеници/чки, чија содржина има потенцијал да достигне и мобилизира широка публика.
Со оглед на сè поголемото значење на социјалните медиуми како простор за информирање, дебата и промоција на различни ставови, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да направи анализа на содржините што инфлуенсер(к)ите ги објавуваа за време на првиот круг од кампањата за Локалните избори 2025 година.
Добиените податоци претставуваат корисна основа за следење на комуникациските практики во онлајн средината како за време на избори, така и надвор од нив. Тие овозможуваат да се идентификуваат трендови во начинот на кој се користат дигиталните платформи, особено за време на избори, како и да се согледа потенцијалната улога на инфлуенсер(к)ите во поширокиот медиумски и општествен контекст.
Анализата на објави на инфлуенсер(к)и за време на Локалните избори 2025 е достапна на следниот линк