Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 22. седница ќе ја одржи на 10.6.2026 година (среда), со почеток во 11:00 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од првото продолжение на 20. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 1.6.2026 година.
- Усвојување Предлог-записник од 21. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 1.6.2026 година.
- Предлог-одлука за одбивање на Барање за објавување јавен конкурс за доделување на дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс,
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД ЈОН РАДИО Струга.
- Информација во врска со дадена донација на ЈЗУ СБГМП 13 Ноември Скопје, со предлог – Анекс бр.1 кон Договорот за донација.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка –услуга: биро за превод.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – стока: пијалаци и потреби за кујна.
- Разно.