Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 25. седница ќе ја одржи на 9.7.2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, преку видеоконференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од 24. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 8.7.2026 година.
- Предлог-решение за отфрлање на Известувањето за промена на сопственичката структура на ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип.
- Предлог-одлука за одбивање на Барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радиоемитување на локално ниво, на подрачјето на општина Кавадарци.
- Предлог за давање одобрување за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2026 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (пречистен текст) бр.05-2219/1 од 22.5.2026 година.
- Предлог за давање одобрување за донесување одлука за отпис на долг од сметководствената евиденција на Агенцијата за ТДР Радио Ускана-Плус увоз-извоз ДООЕЛ Кичево.
- Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка на стока: лиценци за firewall.
- Разно.