Изречени мерки јавна опомена за ТВ Алсат-М и ТВ Телма

Скопје, 10 јули 2026 – Советот на Агенцијата на 24-та седница одржана на 08 јули, врз основа на констатации од редовни програмски надзори донесе Решенија за изрекување мерки јавна опомена за ТВ Алсат-М и ТВ Телма.

На ТВ Алсат-М е изречена мерка јавна опомена заради тоа што радиодифузерот на програмата емитувана на 4 мај 2026 година, во спонзорираната забавно-документираната емисија „1001 оброк“ преку посебно промотивно препорачување, поттикнуваше купување на два производа на еден од спонзорите на емисијата, додека на ТВ Tелма мерка јавна опомена е изречена поради тоа што на програмата емитувана на 4 мај во забавно-документираната емисија „Мојот пат до успех“, емитуваше поп-ап/реклами на поделен екран меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.

Изречените мерки може да се преземат на следните линкови:

ТВ Алсат-М – (член 54 сав 1 од ЗААВМУ) – 09.07.2026

ТВ Телма – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 09.07.2026



Accessibility

Accessibility