Скопје, 28 септември 2026 – Агенцијата спроведе редовни административни надзори врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Дуе, ТВ Гурра, ТВ Њуз, ТВ Плус и ТВ Спектра за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврската за објава на идентификација на радиодифузерот.
Со надзорите беше констатирано дека ТВ Дуе на програмата емитуванa на 4 септември 2026 година, во дел од емитуваните програми не ги објави податоците за импресумот што треба да ги емитува на соодветно место за секоја посебна содржина од програмскиот сервис. ТВ Гурра на програмата емитувана на 5 септември, не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците, додека ТВ Њуз на програмата емитувана на 4 септември, во дел од емитуваните програми не ги објави податоците за импресумот и не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Г-ТВ Телевизија – (член 14 од ЗМ, лен 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 25.09.2026
ТВ Дуе – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 25.09.2026
ТВ Гурра – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 25.09.2026
ТВ Њуз – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 25.09.2026
ТВ Њуз – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 25.09.2026
ТВ Плус – (член 14 од ЗМ, лен 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 25.09.2026
ТВ Спектра – (член 14 од ЗМ, лен 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 25.09.2026