Редовни програмски надзори врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Гурра, ТВ Дуе, ТВ Њуз, ТВ Плус и ТВ Спектра

Скопје, 28 септември 2026 – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 6 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Гурра, ТВ Дуе, ТВ Њуз, ТВ Плус и ТВ Спектра.

Со надзорите е констатирано дека ТВ Дуе и ТВ Њуз не емитуваа најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, додека

Г-ТВ Телевизија и ТВ Гурра не емитуваа најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, во периодот од 7,00 до 19,00 часот.

Извештаите се достапни на линковите:

ТВ Г-ТВ Телевизија – (прекршување на 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.09.2026

ТВ Гурра – (прекршување на 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.09.2026

ТВ Дуе – (прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 25.09.2026

ТВ Њуз – (прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 25.09.2026

ТВ Плус – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.09.2026

ТВ Спектра – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.09.2026



Accessibility

Accessibility