Хроника од 33. седница

Скопје, 5.10.2026 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 33. седница донесе Одлука за избор на Мухамер Беќири за заменик на директорот на Агенцијата, со мандат од пет години.

Донесени беа и Одлуки за продолжување на дозволите за телевизиско емитување на Канал 5 ДООЕЛ Скопје и ТВ Коха Меваип ДООЕЛ Тетово, за период од девет години, од 5 јануари 2027 до 4 јануари 2036 година.

Во делот на јавните набавки, беше дадено одобрување за набавка на две канцелариски фотелји и една канцелариска клуб-маса за потребите на Агенцијата, со средства обезбедени од Финансискиот план на Агенцијата за 2026 година.



Accessibility

Accessibility