Скопје, 6 октомври 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година, која овозможува согледување на состојбите на пазарот на аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија, финансиската одржливост на телевизиите и радиостаниците и можностите за натамошен развој на индустријата.
Во анализата се вклучени вкупните приходи на радиодифузерите и нивната структура, вкупните трошоци и нивната распределба, остварениот финансиски резултат, како и просечниот број вработени во редовен работен однос.
Овие показатели се разгледуваат не само за 2025 година, туку и во рамки на шестгодишниот период од 2020 до 2025 година, со цел да се утврдат динамиката и насоката на пазарните движења, да се идентификуваат позначајните промени во работењето на радиодифузерите и да се оцени влијанието на пошироките економски и општествени околности врз индустријата.
Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година е достапна на следниот линк