Редовен административен надзор врз 4 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 15 октомври 2026 – Врз издавачите на печатени медиуми МЕДИУМ БОЈА 43 издавач на „Штипски глас“, КОЛОР МЕДИА ПЛУС издавач на „Убавина и здравје“, ЕНИТ ПРЕС ПЛУС издавач на „Зенит“ и ИНОВАТОР ЈСМС ТЕСЛА издавач на „БАЛКАНиУМ“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор.

Предмет на надзор беше обврската од членот 14 став 1 од Законот за медиуми, кој се однесува на објава на податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум, име на одговорното лице на издавачот на медиум, име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците во согласност со внатрешната организација на уредништвото и назив и адреса на печатницата и датумот на печатење или препечатување, како и бројот на печатени примероци, кога се работи за печатен медиум“

Надзорот покажа дека обврската е во целост исполнета кај сите печатени медиуми.

Извештајот е достапен на линкот:

Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 14.10.2026



Accessibility

Accessibility