Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на МРТ1

Скопје, 20.10.2026 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје, Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1) на 17 и на 18 октомври 2026 година, констатирани се прекршувања на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.

Спротивно на Изборниот законик, Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1), на 17 и на 18 октомври, емитуваше две репризирани и една премиерна емисија во кои беа остварени интервјуа со носители на функции во органите на власта (Мирослав Лабудовиќ, заменик – министер за енергетика, рударство и минерални суровини, со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар и со Димитар Ковачевски, пратеник во Собранието на РСМ од редовите на партијата СДСМ).

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување е достапен на линкот.



Accessibility

Accessibility