Скопје, 22 октомври 2026 – На 26 октомври 2026 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи прес – конференција со која ќе бидат отворени Деновите на медиумска писменост 2026, организирани од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Мрежата за медиумска писменост.
На настанот ќе се обратат г Мухамер Беќири, заменик на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и г. Лучано Скамбјато Личарди, тим лидер за комуникации и печат од Делегацијата на Европската унија.
Прес – конференцијата ќе се одржи во просториите на Агенцијата на вториот кат.