Изречени мерки јавна опомена на ТВ Дуе

Скопје, 30 октомври 2026 – Советот на Агенцијата на 36 -та седница одржана на 27 октомври, врз основа на констатации од редовен програмски и административен надзор изрече две меркаи јавна опомена за ТВ Дуе.

По извршениот програмски надзор, утврдено е дека не ја исполнил обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, додека по извршениот административен надзор не ги објавил податоците за импресумот на соодветно место за секоја посебна програмска содржина.

Јавните опомени се достапни на следните линкови:

ТВ Дуе – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 29.10.2026

ТВ Дуе – (член 14 од Законот за медиуми) – 29.10.2026



Accessibility

Accessibility