Скопје, 02 ноември 2026г. – При вонреден програмски надзор, реализиран по службена должност врз ТВ Сител, Агенцијата утврди дека во изданијата на забавно-информативниот програмски појас – „Ја сакам Македонија“ и на засебната програмска целина „Ризници на вкусови“, емитувани на 2, 5, 9, 12, 16, 19, 23, 26 и 30 септември и на 3 октомври 2026 година, ни на почетокот ни на крајот, ниту по продолженијата по паузите за рекламирање, не ги информираа гледачите соодветно и јасно дека содржат пласирани производи и/или услуги, односно преку нивно посебно промотивно препорачување директно поттикнуваа купување или изнајмување пласирани стоки или услуги, а спротивно на забраната за аудиовизуелни комерцијални комуникации за алкохол и алкохолни пијалаци (освен вино и пиво), во одредени изданија на „Ризници на вкусови“ видливо беше презентирана и ракијата „Dukat“, производ на винаријата „Monteko“.
Извештајот од надзорот е достапен на следниот линк:
ТВ Сител – (прекршување на член 55 ставови 2 и 4 од ЗААВМУ) – 30.10.2026