Седница бр.39 – 18.11.2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 39. седница ќе ја одржи на 18.11.2026 година (среда), со почеток во 11:00 часот, преку видеоконференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување Предлог-записник од 38. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.11.2026 година.
  2. Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2027 година.
  3. Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2027 година.
  4. Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2027 година.
  5. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговско радио дифузно друштво Телевизија Кочани-ЛД ДООЕЛ Кочани.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ Сител ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 55, ставови 2 и 4 од ЗААВМУ.
  7. Предлог за усвојување на Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања во вториот круг на гласање за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
  8. Предлог-одлука за продолжување на дозвола за радиоемитување на РТД Скај радио Теодор ДООЕЛ Скопје.
  9. Предлог-одлука за продолжување на дозвола за радиоемитување на ТРД Радио Акорд ДООЕЛ Кичево.
  10. Предлог-одлука за продолжување на дозвола за радиоемитување на ТРД Радио Бум ДООЕЛ Куманово.
  11. Разно.


Accessibility

Accessibility