Скопје, 24 август 2023 – Во врска со навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ Коха, како и спречувањето на телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион да снимат инсерти во врска со пожарот во општина Брвеница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа[…]
Featured Articles
Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат-М
Скопје, 22 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот и новинарките на ТВ Алсат-М, како и упатените закани кон нив за време на снимањето инсерти во Скопската чаршија[…]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 20 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со документарниот филм „Убиство во Тетово“.[…]
Осуда за попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма
Скопје, 28 јули 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Телма при нејзиното известување за вчерашната седница на Судскиот совет на која учествуваа и експерти на оценувачката мисија на Европската Унија[…]
Осуда на заканите упатени кон новинарка на ТВ Алсат-М
Скопје, 25 јули 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува експлицитните закани упатени кон новинарката на ТВ Алсат-М, Рита Бехадини, … […]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 19 јули 2023 – Во врска со вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот на ТВ 24, Иван Камчев кај Росоман, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека сите видови на напади врз претставниците на медиумите се апсолутно неприфатливи и дека во ниту еден момент нивната безбедност не смее да биде доведена во прашање[…]
Отворена јавна расправа за Нацрт-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување
Скопје, 12 јули 2023 – Советот на Агенцијата на вчерашната 22 седница за 2023 година, го донесе Нацрт-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
Трошоци на директорот на Агенцијата за првата половина на 2023 година
Скопје, 7 јули 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса на секои шест месеци да ги објавува трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски, ја известува јавноста за следново:[…]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 29 јуни 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува вербалните закани упатени кон сите новинари и медиумски работници, вклучувајќи го и новинарот Огнен Јаневски искажани во две контактни емисии на ТВ 24.[…]
Сопственоста на медиумите во 2023 година
Скопје, 29 јуни 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го изработи извештајот за сопственоста на медиумите во 2023 година, со цел да се постигне повисок степен на транспарентност на медиумската сопственост. Покрај тоа што редовно ги објавува на својата веб страница податоците за сопствениците на радиодифузерите, Агенцијата веќе неколку години по ред објавува годишни извештаи за сопственоста на медиумите.[…]